СДСМ: Блокадата на државните интереси е казниво дело, да се овозможи мирен трансфер на власта!

Демократските процеси ќе продолжат. Државата мора да профунционира во полн капацитет.

Во прашање е доведена егзистенцијата на граѓаните и на фирмите поради неразумните блокади со кои се спречува мирен трансфер на власта. Министрите во заминување имаат технички овластувања. Престануваат за брзо време сите ингеренции на градоначалниците и советите во општините, а нови локални избори не може да се закажат без нов собраниски преседател. Тоа би значело блокада на целиот државен систем.

Тоа парламентарното мнозинство нема да го дозволи.

Потребно е институциите, политичките партии и сите поединци да знаат дека поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и активностите против државните интереси се тешко погазување на Уставот и законите на Република Македонија и казниво дело. Тоа повлекува сериозна кривична одговорност. Уставниот поредок никој нема право да го урива!

Неопходно е опозицијата, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да постапат во интерес на граѓаните и да престанат со сценаријата на нестабилност и криза со коишто не можат да ги спречат правдата и промените.

Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанаа околу 700 000 граѓани. Должност на тоа мнозинство е да избере нов претседател на Собранието, согласно Уставот, законите и Деловникот, а потоа и нова реформска Влада која ќе ја заштити унитарноста и ќе обезбеди правда и квалитетен живот за сите.

Македонија ќе биде модерна демократска европска држава, водена од одговорни личности и институции, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e