СДСМ Битола: Сеење магла наместо подземни паркинзи

Прес конференција
Златко Ќурчиевски, советник во советот на општина Битола од редовите на СДСМ
Битола, 25.02.2017

Почитувани,

Денес се наоѓаме во централното градско подрачје, на улицата Димитар Илиевски –Муратот,поранешна Борис Кидриќ, за да одбележиме уште еден од т.н. вечни проекти на Талевски и ВМРО ДПМНЕ.

Тие уште во 2009тата година ветија дека токму од ова место ќе започне изградбата на подземна сообраќајница која ќе овозможи намалување на сообраќајниот метеж, но и трансформација на плоштадот “Гоце Делчев” во пешачка зона со подземни гаражи и деловен простор.

Четирите години поминаа, подземната сообраќајница,пешачката зона, гаражите, не се изградија, но ветувањата,овојпат проширени и надоградени, се повторија и во предизборната програма на ВМРО ДПМНЕ во 2013тата година.

За да бидат поуверливи, само ја потенцираа “изградбата на подземната гаража со 340 паркинг места” како инвестиција од фантастични 6.000.000 евра.

Денес во Битола, немаме подземни сообраќајници и гаражи, но затоа често имаме магла и смог, за кои постои неподелено мислење дека маглата ја сее неодговорната, штетна и некомпетентна власт на ВМРО ДПМНЕ, а смогот е последица на енормното загадување на нашиот град.

Токму затоа жителите на општина Битола, на следните локални избори, ќе и ја дадат довербата на новата локална власт предводена од СДСМ и повторно ќе изберат ЖИВОТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e