СДСМ: Бесплатно болничко лекување за сите!

Ќе има бесплатно болничко лекување за сите граѓани на Македонија.
Ослободени од партиципација за болничко лекување ќе бидат сите осигуреници во Фондот за здравствено осигурување.
Секој граѓанин кој ќе има потреба од лекување во болница, ќе може да се лекува без да се грижи дали ќе има пари да плати.
Државата ќе ги покрие трошоците за неговото болничко лекување.

Денес, многу граѓани се лекуваат и страдаат дома, бидејки немаат пари да платат болничко лекување во јавното здравство.

Додека функционери од власта во заминување се лекуваат по приватни клиники во луксузни услови, луѓе умираат по ходниците на јавното здравство бидејки не можат да дојдат на ред за преглед.
Тоа е друг проблем во уништеното здравство каде нема основни медицински материјали, нема квалитетни лекови, условите за престој се лоши, дури и за оние кои можат да си дозволат да ги платат скапите болнички партиципации.

Бесплатното болкичкото лекување за сите е само една од мерките во Планот за живот со коишто ќе се грижиме за здравјето на граѓаните.

Ќе овозможиме и квалитетено јавно здравство. Ќе ги мотивираме стручните лекари и медицинскиот персонал да останат да работат во јавното здравство, со тоа што ќе ги покачиме нивните плати.
Лековите мора да бидат лесно достпани. На позитивните листи ќе има најмалку по еден бесплатен лек од секоја генерика, а позитивната листа ќе ја прошируваме барем еднаш годишно.
Ќе обезбедиме висококвалоитетни вакцини за заштина на граѓаните и голема превентивна едукација на граѓаните.

Така ќе дејствуваме да не ни се случува како сега Македонија да биде прва во Европа поради болни од грип.
Да не се случуваат трагедии како загубата на малата Тамара, да не умираат родилки и новороденчиња, да нема безнадежни родители за своите тешко болни деца.

Затоа итно е потребна нова и одговорна Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе ги заштити граѓаните! Од 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме! – соопштуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e