СДК: МВР води постапки против старешини – соучесници на Чавков на 27 април

Додека МВР спроведе внатрешна истрага за одговорност на полицијата до врвот за крвавите настани на 27 април и почна да дели откази по спроведени дисциплински постапки, Обвинителството се уште ги нема повикано пратениците Мукоски, Василевски и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја пречекаа и ја насочија толпата нагоре, за да ги нападне пратениците од СДСМ и пратеникот Зијадин Села.

Министерството за внатрешни работи е единствената институција која досега покажа некакви резултати околу расветлување на организираниот напад врз Собранието на 27 април. Во петокот откази добиле 11-мина полицајци од Шестата управа во МВР, но САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека се водат дисциплински постапки и за старешини во МВР, кои не одговориле на уставните, законските и професионалните обврски да реагираат и да интервенираат во Собранието, со што станале соучесници на тогашниот директор за јавна безбедност Митко Чавков.

Обвинителството засега ги открива само тепачите кои ги имаше како на безбедносните,  на медиумските камери и на приватните видеа на затекнати лица таа вечер во нападнатиот законодавен дом. Ги уапси и лицата кои извршија обид за убиство на пратеникот Зијадин Села и уште стои кај нарачателите на крвавиот настан. По поднесеното обвинение, осуден е и кубачот на Радмила Шеќеринска.

Отказите во МВР за 27 април се поради тоа што овие полицајци не постапија на должност и дека со рацете во џеб гледаа како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат обезбедените собраниски врати. На товар им се става и дека не мрднаа со прст кога влета толпата во собраниската зграда.

Меѓу тие што добиле отказ се и двајцата вработени од УБК, кои ги украдоа снимките од безбедносните камери, за кои автоматски се снимала копија, на друго место.

Казни и отпуштања најверојатно ќе има уште, зашто уште 31 се суспендирани, а против 70 се водат дисциплински постапки во МВР и тие уште не се завршени. Најголемиот дел од отпуштените се припадници на Шестата управа на МВР за обезбедување на важни личности и објекти, а меѓу нив е и шефот на обезбедувањето на поранешниот собраниски претседател Трајко Вељаноски и шефот на собраниското обезбедување.

Повеќе на линкот тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e