Розева трка 2016: И јас трчам за Ведран

“Годинешнава “Розева трка 2016 – Pink Run 2016″ која ќе се одржи на 18 септември во Крива Паланка, ќе биде посветена на херојот од поплавите, Ведран, на кого сите средства од трката ќе бидат донирани.” – најавуваат од организацијата.

14102350_1260639657300966_6992744055236769574_n

Инаку, Ведран заедно со неговите татко, мајка и помало братче, враќајки се од одмор ги зафати лошото невреме околу обиколницата во Скопје. За жал, во борбата со надојдената вода, животите ги загубија неговата мајка Марина и помалиот брат Јован.

Таткото на Ведран кој е професионален пожарникар и храбриот Ведран, по неколку часовна борба со невремето, успеале да ја избегнат лошата судбина.

За Ведран Велиновски, детето херој преживеано во поплавите…да бидеме инспирација – да трчаме заедно со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e