Ригорозни казни: 2000 евра глоба за уништување на банер на политичка партија

Според изборниот законик секоја политичка партија има право како дел од изборната кампања да користи најразличен пропаганден материјал од типот на банери, плакати , флаери па се до јавно медиумско претставување.

Според изборниот законик секое уништување на било кој начин на некој материјал кој е во функција на промоција на политичката кампања ќе се казни со глоба од 600 до 2000 евра. Висината на казните зависи од силината на делото кое е сторено, па така за уништување на помали материјали како флаери или друг поситен рекламен материјал е предвидена пониската глоба, додека за уништување на реклама од поголем размер како банер или билборд би се препишала најголемата казна од 2000 евра.

Интересно е што политичката партија може веднаш до судот да поднесе прекршочна пријава, додека судот е должен во рок од 48 часа да пресуди согласно пријавата. Во прилог на пријавата политичката партија може да приложи и фото и видео запис како доказ за делото.

До редакцијата стигнаа информации дека некои од партиите во близина на местата каде имаат поставено билборди и банери имаат поставено камери и будно ги следат оние на кои токму овие реклами им “сметаат” на некој начин.

На видеото подолу се гледа како активисти и функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, за време на кампањата на предвремените парламентарни избори во 2011г, беа фатени “живи” како организирано уништуваат банер на политичкиот противник. Иако целата кривопаланечка и поширока јавност беа згрозени од овој грозоморен чин, тогаш учесниците поминаа неказнето. Но со сегашните закони, доколку некоја група го стори истото дело се соочува со казна од 2000 евра по лице, а пресудата се изрекува во рок од 48 часа.

Еве што се вели во изборниот законик:

Член 69-а

За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Член 78-а став 3

Политичките партии имаат право на закуп за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди на транспарентен и недискриминаторски начин

Член 79 од изборниот законик

Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други учесници во изборната кампања е забрането.

Член 179

Глоба во износ од 600 до 2.000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на физичко лице кое ја попречува и оневозможува изборната кампања (член 73).

Член 73

(1) Кандидатите имаат право, ако во времето на изборната кампања, односно во настапите или пропагандните известувања на одделни учесници во изборната кампања им се повредуваат правата (со попречување и оневозможување на кампањата на противкандидатите), веднаш да покренат постапка за заштита на своите права пред надлежниот основен суд.

(2) По барањето за заштита на правата, основниот суд ќе одлучи во рок од 48 часа од денот на поднесувањето на барањето.

(3) Против одлуката на основниот суд може да се изјави жалба во рок од 48 часа од денот наприемот на одлуката до надлежниот апелационен суд.

(4) Надлежниот апелационен суд одлучува во рок од 48 часа од денот на поднесувањето на жалбата.

(5) Правосилната одлука веднаш се објавува во јавните гласила.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e