РЕВИЗИЈА: Како се трошеле пари од кредитните картички во Министерството за информатичко општество?

Под лупа на државниот ревизор – работата на Министерството за информатичко општество, меѓудругото, проектот Бесплатен Wi-fi во рурални средини и кредитите картички што ги користеле министерот, заменикот и државниот секретар. Еве дел од наодите во новиот објавен Ревизорски извештај:

Кредитни картички – кој ги имал и како ги трошел …

Со увид во сметководствената евиденција на паричните средства со кои располага министерството, ревизијата го утврдила следново:

“Во главната книга не се обезбедени податоци за состојбата и движењето на средствата на кредитната картичка која ја користат министерот, заменик министерот и државниот секретар, одоносно не воспоставена посебна аналитичка евиденција за истите. Не се врши сметководствено задолжување на лицата кои користат кредитни картички, за износот на искористените/потршените средства“ – наведува ревизорот и додава дека евидентираната обврска спрема банката која ја издала кредитната картичка, не е усогласена со последниот извод за картичката издаден од страна на банката за месец декември, 2015 година, согласно кој обврската изнесува 29 000 денари. Во текот на 2015 година, ревизијата утврдила дека евидентираниот промет кон банката е во целост платен.

“Ваквата состојба не е во согласност со одредбите од Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници и влијае на реалното и објективно прикажување на позициите во билансот на состојбата, како и на квалитетот на информациите кои ги дава истиот“ – заклучува ревизијата.

По ова, од страна на Министестерство е доставен дописи со укажување и барање за постапување во однос на воспоставување на посебна аналитичка евиденција и задолжување на секој корисник на кредитна картичка пооделно во новиот сметководствен софтвер, почнувајќи од јануари 2017 година.

Проект “Wifi во рурални средини“..

Проектот Wi-fiво рурални средини започнува во 2010 година, кога МИнистерството за информатичко општество склучува договори за испорака на услугата – интерент кисоци, бежичен пристап со три економски оператори врз основа на постапка за јавна набавка.

Согласно склучените договори операторите се обврзуваат за набавка, инсталација и одржување на 680 киосци во пет региони а времетрањето на договрот изнесува 48 месеци.

“Поставувањето на интернет киосците не е реализирано согласно утврдената динамика во договорите за што Министерството пристапило кон наплата на предвидената договорена казна а како причина за ненавремената испорака на услугата главно се наведуваат прблеми од техничка причина“ – наведува ревизорот кој констатира дека како резултат на ова има и прологнигарње на првичната временска рамка за реализација на проектот, кој целосно бил завршен во ноември 2016 година.

Ревизија бил спроведена и на донатрската сметка, при што се наведува дека во 2009 година министерството од Европската унија добило грант од 75 000 евра за имплеентација на проект во период од 36 месеци. До 2011 година, на сметка на министерството легнале 42 000 евра или 56% од грантот.

“Во текот на 2013 година од страна на Министерството а по барање на донаторот извршен е поврат на средства поради повеќе префрлени средства во однос на извршените расходи на министерството во износ од 5 000 евра“ – нотира ревизорот со што на сметката за донации останале 788 000 денари од наведениот проект, што упатува, како што се вели во извештајот “ на неусогласеност на податоците за потрошените средства со кои располага донаторот со податоците искажани во сметководствената евдиденција и деловните книги на Министерството.“

Според ревизорите, овие извештаи се одговорност на раковдството на министерството застапувано од : Иво Ивановски, министер до 15.09.2015 година и Марта Арсовска – Томовска, министер од 11.11.2015 година.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e