Распишана е меѓународна потерница за Сеад Кочан

Распишана е меѓународна и домашна потерница за бизнисменот Сеад Кочан, кому му е одреден притвор за случајот „Труст“ на СЈО, потврди за „Алсат М“ министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

– Распишани се и централна и меѓународна потерница. Засега не можеме да потврдиме каде би можел да се наоѓа осомничениот од Специјалното обвинителство – вели Нухиу.

Полицијата го побарала Кочан дома, но не успеала да го пронајде. Дел од медиумите уште завчера објавија неофицијални информации дека бизнисменот ја напуштил Македонија и тоа преку граничниот премин Табановце.

Во меѓувреме, телевизијата „Нова“, која е сопственот на бизнисменот, соопшти дека тој не побегнал, туку дека е на службен пат.

Одбраната на Кочан, адвокатот Никола Додевски, доставил жалба до судот за барањето за притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e