Прифатено обвинението против Мијалков и Тачи за договореното гласање во ДИК

Судот го прифатил обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности, поточно за местење на резултати од локалните избори во 2013 година.

Обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, членот на ДИК предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Срцев, поранешните членови на ДИК, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, но и Мендух Тачи и Бедредин Ибраими од ДПА.

Советот не го прифатил предлогот за злоупотреба на службената положба да одговараат и петте судии од Управниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e