Претседателот на “Студентски парламент на Универзитетот Гоце Делчев Штип“ проневерил 50.000 евра?!

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе писмено известување поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластување“ од страна на Г.С.(29) од Штип.

Имено, Г.С. во својство на одговорно лице – претседател на здружението на граѓани “Студентски парламент на Универзитетот Гоце Делчев Штип“ и овластено лице во правниот промет, ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што во периодот од 16.01.-16.12.2016 година, без почитување на Статутот на Здружението и без носење на писмени одлуки – на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки, и на повеќе физички лица, од сметката на Здружението, незаконито, им исплатил вкупна сума во износ од 3.147.733 денари.

Во горенаведениот временски период Г.С. потпишал фиктивни Одлуки донесени од негова страна во кои навел дека истите се донесени на одржана седница на Претседателството, при што на незаконит начин за 2016 година без почитување на одредбите од Статутот противправно е исплатена посочената сума пари од околу 50.000 евра а на штета на “Студентски парламент на Универзитетот Гоце Делчев Штип“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e