Предлозите за името утре пред Иванов, Ахмети и Мицковски

Пакетот предлози на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со името утре ќе се најде на маса пред државниот врв и лидерот на опозицијата. На координативната средба, премиерот Зоран Заев ќе се обиде да постигне државен консензус со Претседателот Ѓорѓе Иванов, лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидеерот на ДУИ, Али Ахмети околу најновиот предлог на Нимиц во пресрет на неговото доаѓање во регионот.

Заев ќе рапортира и за средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас како и за кисходот од неа.

Од Владата не сакаа да коментираат за очекувањата од состанокот, а став нема ниту од кабинетот на Иванов.Во пресрет на утрешната средба пак, од опозицијата тврдат дека тие воопшто не се инволвирани во градењето односи со соседните држави, ниту пак се запознаени со предложените решенија.

„На власта око не и трепка, преговара за името без да ги информира граѓаните за текот на процесот. Склучува договор со Бугарија кој има сериозни недостатоци и може да биде подобар и гласа за закон за двојазичност кој што е во спротивност со Уставот и не е во полза на граѓаните“, вели Благица Ласовска – ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од опозицијата, владиниот партнер ДУИ, очекува средбата да ја исполни целта и да придонесе за градење политичко – општествен консензус за реализација на евроатлантските интеграции на земјава.

„Црвената линија на ДУИ е само неопходноста и итноста за зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ и сметаме дека интензивниот, искрен и конструктивен дијалог со соседите е вистинскиот начин за надминување на разликите“, велат од ДУИ за ТВ 24.

Координативната средба ја реализира Министерството за надворешни работи, на иницијатива на премиерот Заев, кој по средбата во Давос со Ципрас ја најави промената на имињата на аеродромот кој ќе се вика „Македонија“, а автопатот ќе биде прекрстен во „Пријателство“ – во знак на добра волја за решавање на спорот. Не се исклучува можноста на маса меѓу државно- партискиот врв да се најдат и новите имиња на аеродромот и автопатот.

Веќе идната недела во Скопје доаѓа и посредникот Метју Нимиц да ги слушне реакциите во двете земји по понудениот предлог. Тој претходно изјави дека со новиот пакет предлози за името идентитетот на Македонија е безбеден, но и дека е потребно време двете страни да ги проучат понудените решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e