Пратеничката Митовска го злоупотреби правото на реплика – Вељановски на два пати ја опомена

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, Слаѓана Митовска во денешната улога која ја имаше – да реплицира на својот партиски колега Илија Димовски, непридржувајки се кон суштината на репликата,  заработи две опомени од председавачот Вељановски.

Имено, Митовска, наместо да реплицира на говорот на Илија Димовски, таа им се обраќаше директно на пратениците од СДСМ, и со тоа ја злоупотреби собраниската говорница и времето за реплика, на што во два наврати мораше да биде опоменувана од председавачот, воедно исто така член на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски.

Со ова, само уште еднаш се потврди тезата дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебно наводно реплицирање осмислено ја одолговлекуваат конститутивната седница и демократското примопредавање на власта на новото парламентарно мнозинство составено од 67 пратеници.

За утре во 11 часот е закажано ново продолжение на конститутивната седница, чиј крај, по ваквиот начин на работа, е сеуште неизвесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e