Поранешната пратеничка Марковска објаснува зошто ВМРО – ДПМНЕ вака се однесува

Илузија е дека државниот обвинител Марко Зврлевски нема да биде сменет, а ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да го спречи тоа, смета поранешната пратеничка, Ѓулистана Марковска. За неа однесувањето на опозицијата во собраниската сала ги надминува границите на разум и беспотребно се трошат народни пари за непродуктивни седници. Според Марковска, локалните избори се причината зошто ВМРО-ДПМНЕ ја одбра оваа тактика, запоседнување на собраниската говорница.

„Да не сме пред локални избори веројатно не би се случувало ова или веројатно не во толку долг временски период. Сметам дека е можност во која некој го користи отворениот екран и преносот на собраниските седници во живо со цел да се повторува едно па исто, а илјада пати повторена лага веќе станува вистина.“ – изјави Ѓулистана Марковска, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Универзитетскиот професор, Никола Дујовски оценува дека политичката ситуација во земјава е кревка, но однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не може да предизивика посериозна криза. Според него, опозицијата не сака нов обвинител пред избори.

„Ова е избегнување на правдата колку што се може повеќе, затоа што не е сеедно дали ќе имаме нов државен обвинител пред или после изборите во октомври. Сите прашања кои што ги отвара опозицијата не се воопшто поврзани со разрешувањето на Зврлевски, туку зборуваат за работи коишто воопшто не се точка и по тоа се гледа дека немаат капацитет надвор од сево ова.“ – изјавиНикола Дујовски, Универзитетски професор

ВМРО-ДПМНЕ преку реплики и контра реплики помеѓу нив го одложуваат разрешувањето на држаавниот обвинител Марко Зврлевски. Меѓу другото стојат на тезата дека тој не може да биде разрешен во предизборие, бидејќи според нивното толкување, изборниот законик го забранува ова.

Извор: Алсат М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e