По барање на СЈО, приведен Љупчо Палевски

Љупчо Палевски, бизнисмен од Скопје, вечерва е приведен во полициска станица по барање на СЈО, дознава телевизија 24 од извори во истрагата.

Според истите извори во СЈО се води предистражна постапка за Палевски. Нема информации за кој предмет ниту пак во која полициска станица е приведен скопскиот бизнисмен.

Палевски се поврзуваше со објавувањето на приватни телефонски разговори на јутјуб акаунтот како „Тесла“. Повеќето од објавените функционери меѓу кои и новинари поднесоа пријави во СЈО против ваквите злоупотреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e