Плусинфо: УЈП ги чешла сметките на целото семејство Ставрески?!

Управата за јавни приходи (УЈП) побарала детални информации за состојбите на сметките на целото семејство на поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, како и за семејството на пратеникот од СДСМ Петре Шилегов, почнувајќи од 01. јануари 2012 година до сега, дознава Плусинфо.

УЈП барала податоци за приливи и одливи на девизни и денарски сметки, како и на штедни книшки, вклучувајќи податоци за налогодавач и краен корисник. Се барале и податоци за кредити и за нивна исплата, рати и договори за подигнување кредити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e