Пировска: Спроведувањето на Александар Диневски во затвор е чин на злосторство

Нека ми прости судската власт ако ја нарушам нејзината “независност и самостојност“ но денешното спроведување на Александар Диневски во затвор е чин на злосторство. Го посетував додека беше во притвор во Шутка токму поради тоа што му беше сериозно нарушена здравствената состојба и поради што беше пуштен. Судот е во тек со неговата состојба и оттука не можам, а да не помислам дека денешниот спровод во Идризово е тенденциозен. Хелсиншки ќе испрати свој допис до судот со барање за прекин на казната но се надевам и дека ќе се дознае кој стои позади оваа одлука! – реагираше преку Фејсбук, Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e