Пендаровски поднесе оставка во Собрание

Пратеникот и носител на изборната единица еден од листата на СДСМ, Стево Пендаровски поднесе оставка во Собранието, објави ТВ 24.

Пендаровски минатата недела беше именуван за национален координатор за влез на Македонија во НАТО.

Собранието треба да ја констатира оставката на правта наредна седница. Следен на листата е Дарко Каевски, но тој е директор на агенцијата за млади и спорот, доколку тој одбие да седне во собраниските клупи, следен е кандидатот за градоначалник на општина Сопиште од СДСМ, Далибор Богдановски, кој загуби на локалните избори од против кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Стрпковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ