Ова се осомничените лица во случајот „Талир “

Помеѓу 14-те осомничени за случајот „Талир“ што го отвори СЈО, освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се наоѓаат и повеќе високи функционери од партијата од кои најголем број се членови на Извршниот комитет, дознава БИРН.

Осомничен за овој случај е и Мартин Протоѓер, член на Извршниот комитет на партијата и поранешен генерален секретар. Осомничени се и Емил Димитриев и Кирил Божиновски, како генерални секретари на партијата. Голем дел од членовите на Извршниот комитет на партијата се наоѓаат на тапет на СЈО поради сомнеж дека дозволиле партијата да се финансира на незаконски начин. Тука се и Илија Димовски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, како и Иво Котевски и Александар Бичиклиски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Наредбата за спроведување на истрага како и барањето за замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и за седиштето на партијата е пристигнато во Кривичниот суд, потврдија за БИРН извори од судот.

Според денешната објавена истрага на СЈО, првоосомничениот Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, од 2009 до 2015 година, прифатил незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра. Парите, наместо да се вратат во буџетот како што налага законот или да ги донираат во хуманитарни цели, биле искористени за незаконско финансирање на партијата. Предистражната постапка покажала дека 14-те осомничени со парите купувале недвижен имот, биле подмирувани тековни обврски на партијата, а се трошело и за хотелски и ресторански услуги.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e