Ова се новите измени во законот за управување со моторни возила

Согласно Законот за изменување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Службен весник на РМ број 11 од 18.01.2018 година, во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (СЛ.Весник на РМ бр 169/15, 226/15 и 55/16) направени се измени и тоа:

 – Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години, а на лицата постари од 70 години, со рок на важење до три години.Според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст. Исто така возачката  дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст. Според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст.

 – На контролен здравствен преглед задолжително подлежи возач кој наполнил 70 години возраст, во временски интервали кои не можат да бидат подолги од три години ,според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст.

 – Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од ,,Б“ категорија доколку има наполнето 17 години возраст наместо 16 години според стариот закон.

 – Со трактор може да управува лице кое треба да има наполнето  17 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e