Откриено под кои имиња се криеле обвинетите Грујевски и Бошковски

Бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски се криеле под идентитетите, Христо Атанaсов и Неџби Хасан. Тие веќе се во притвор во грчки затвор, откако беа уаспени на аеродромот во Солун. Според извори на Алсат М локацијата им се знаела веќе еден месец, а за тоа придонело тоа што двјацата бегалци стапиле во комуникација со одредени лица во Македонија. Ова било доволно да помогне тајната полиција да им влезе во трага.

Засега овие информации се неофицијални, поради тоа што МВР се уште чека официјално известување од грчките колеги за целокупниот процес на апсење на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Енигма останува и која била причината и за што комуницирале, Грујевски и Бошковски со лицата кои им биле логистика тука во Македонија и која била улогата и дали добивале некаква помош.

Грчките медиуми пак пишуваат дека, Грујевски и Бошковски од Солун требало да се упатат кон Будимпешта, Унгарија. Фалсификуваните пасоши биле доволен елемент на сомнителност за тие да бидат уапсени и да им се утврди вистинскиот идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e