Откриена e криминалната група која ограбила две продавници за оружје во Скопје

Околу 78 илјади евра заработиле четворицата крадци кои во неколку наврати ограбувале и пустошеле во продавници за оружје на територијата на Скопје. Во првиот грабеж крадците одзеле 52 пиштоли и револвери од разни марки и калибри и три гасни пиштоли, додека во вториот извршен грабеж одзеле 19 парчиња пиштоли од разни марки, девет пушки од кои пет ловечки, три малокалибарски и една воздушна пушка.

Разбојниците како на филм за своето сценарио се користеле со разни методи од скали па се до алати за кинење на катанци па откако ќе го собреле оружјето преку прозорец го напуштила објектот. Но, за сите овие лица МВР поднесе кривични пријави поради тешки кражби и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи.

„МВР до ОЈО поднесе кривична пријава против четворица скопјани за сторени две тепки кражби во продавници за оружје и за сторено дело неовластено држење и трговија со оружје. Со сторените кривични дела, тие се здобиле противправна имотна корист од околу5 милиони денари.“ – изјави Тони Ангеловски – портпарол на МВР.

Според документираните сознанија од истрагата, првото кривично дело пријавениот Б.З. со уште четири лица го извршил во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали лоцирана на ул. „Васил Ѓоргов“.

Ноќните часови биле најпогодни за ќетворицата крадци кои ограбиле разни видови на пушки и пиштоли а за кои МВР веќе поднело кривични пријави до ОЈО. Една од продавниците за оруќје која била ограбена се наоѓа овде во Градскиот трговски центар. Крадците дошле со кола, се паркирале и по извршената кражба со автомобил Ауди – караван го напуштиле местото на настанот.

Како што велат од МВР по претходно добиена судска наредба бил извршен претрес на дом и други простории кај пријавените лица, при што кај второпријавениот било пронајдено поголема количина на оружје и муниција, како и во домот на четвртопријавениот. Исто така, бил извршен претрес и на угостителски објект каде што биле пронајдени поголема количина оружје и муниција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e