Османи утре во Грција на средби со Коѕијас и Катругалос

Кабинетот на Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, соопшти дека тој утре ќе замине во работна посета на Атина, каде што ќе има средба со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас.

„Во рамките на посетата Османи ќе има одвоени средби со Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Република Грција, како и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос, каде што ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија“, соопштија од неговиот Кабинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e