Османи: Очекувам изградбата на довербата да резултира со затворање на отворените прашања

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас кој е во работна посета на земјава.

Теми на разговор на средбата е напредокот во меѓусебната соработка, активностите на двете земји за унапредување на комуникацијата, како и мерки за градење доверба меѓу двете земји. „Имаме голем напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества“ – подвлече Османи, изразувајќи надеж дека тоа набргу ќе резултира и со надминување на отворените прашања.

За време на средбата Османи изрази надеж дека во периодот што следи ќе се засилат мерките за градење доверба во сите области: економијата, културата, образованието, екологијата, меѓуграничната соработка, енергетиката, транспортот, итн., со што, покрај изградбата на довербата меѓу општествата, граѓаните ќе можат и директно да ги почувствуваат бенефитите од оваа соработка. Во овој контекст Османи изрази задоволство од успешниот старт во импелметнацијата на мерките за доверба, како што е преминувањето на земјава во втората фаза од Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, како и пристапот до Јадранско – Јонскиот регион.

Во продолжение Османи ја акцентираше успешната билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, која е исклучително позитивна во делот на искористување на средствата од ИПА во проектите за прекугранична соработка, како и соработката во рамки на твининг проекти и инструментот ТАЕКС.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e