Ортега е поопасен од Сорос

Слушајки ги сите обвинувања против Сорос и неговата фондација во Македонија, јас разбрав дека и Амансио Ортега е непријател кој ги користи модните марки “Зара” и “Масимо дути” како параван за својата антимакедонска дејност.
Дури ми се чини дека целата империја ја има создадено за да ја одлепи македонската жена од фротирните гаќи и капутите од чоја и да ги однароди нашите убавици со помош на ефтините и на изглед убави, всушност, антибитови парчиња облека и разноразни непотребни аксесоари.
Со иста страст овој злосторник потоа се нафрли и врз македонските мажи.
И сега што: лесно е да му ги затвориме дуќаните, владата мора да ги исфрли сите дрехи които този мрсник е продал при нас, значи да им се даде рок на луѓето да ги вратат во Министерството за култура сите ташнички, блузи, панталонки, чевли, кошулчиња, шеширчиња, машки и женски, под закана дека ќе следуваат големи казни ако во дадениот рок не им се предадат на надлежните од вмродпмне тие културолошки бомби против македонскиот национален идентитет!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e