Оптимизам кај партнерите на Заев – Најавуваат брз избор на нов собраниски спикер

Коалиционите партнери на СДСМ  најавуваат деблокада на Собранието и нов собраниски спикер но се уште не ја откриваат стратегијата. Велат дека за неколку дена ќе се избере новиот претседател на законодавниот дом и покрај блокадата на конститутивната седница од страна на ВМРО ДПМНЕ.

„За неколку дена, можам да потврдам дека ќе има нов претседател на Собрание но гледате дека ВМРО ДПМНЕ ги блокира институциите го блокира и Собранието. Не дозволува да се избере претседател на собранието се со цел да се штитат криминалците но тоа веќе завршува и доаѓа живот за сите граѓани во Македонија“, изјави Енес Ибрахими.

Од ВМРО ДПМНЕ не сакаат конкретно да ги коментираат најавените потези на коалицијата предводена од социјалдемократите. Велат дека во собранието ќе продолжат да бараат одговори од нив а тоа што тие ќе го направат е нивна одговорност.

„Ние остануваме на дебатата и очекување одговори од СДСМ за тоа што се договорило со Тиранската платформа. Тоа што тие ќе направат е нивна одговорност. Сепак и граѓаните и ние како политичка партија и одговорни политичари очекуваме да направат се што е разумно и во интерес на граѓаните“, изјави Лилјана Кузмановска – ВМРО ДПМНЕ.

Во меѓувреме шеснаесеттото продолжение на собраниската конститутивна седница продолжи главно во меѓусебни реплицирања на пратениците од ВМРО ДПМНЕ. Дискусија имаше пратеникот Драган Данев, но уште пред  да се обрати од собраниската говорница дваесетина негови сопартијци се пријавија за реплики. Пратениците од СДСМ процедурално му забележаа на Вељановски дека не ја насочува дискусијата кон точките на дневниот ред со што тврдат го прекршува собранискиот деловник.

Пратениците од албанските политички партии порачаа дека причина за блокада на собранието а со тоа и на целиот државен апарат е празната дискусија на пратениците од ВМРО ДПМНЕ а не заедничката декларација.

„Се гледа кој најмногу ја блокирал оваа држава дали Декларацијата на албанските политички партии или пак празната дебата во собранието. Барам од своите колеги да се повикаат на својата совест, да не ги блокираат институциите да дебатираат за точката од дневниот ред“, изјави Ејуп Аљими – ДУИ.

„Овие луѓе, овие деструктивни сили комуницираат многу добро меѓу себе без разлика на националност и од каде доаѓаат, има дипломатски пасоши и како што реков они функционираат многу добро  меѓу себе без разлика од каде доаѓаат и каков етникум имаат“, изјави Весел Мемеди – Алијанса За Албанците.

Две точки се на дневен ред – избор на Комисијата за избори и именувања и нов претседател на собранието но дискусијата е далеку од нив. Уште четириесетина пратеници од ВМРО ДПМНЕ се пријавени за дискусија.

ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e