ОМ на Бошковски: Формирање реформска влада од мандаторот кој обезбеди 67 мандати!

“На редовната седница на претседателството на Обединети за Македонија, одржано во Велес на 26.03.2017, на дневен ред меѓу другото беше:
Завземање став, околу актуелната општествено-политичка ситуација која што продуцира продолжена политичка криза, Обединети за Македонија притоа донесе заклучок дека
:

– Македонија мора и може да излезе од криза со конституирање на парламентот;
– Прифаќање на волјата на најголем број граѓани на Република Македонија, изразена преку мандати
;
– Формирање реформска влада од мандаторот којобезбеди 67 мандати.

Обединети за Македонија ќе ги прифатат сите решенија кои се во рамки на највисокиот правен акт, Уставот на Република Македонија, овозможувајќи непречено одвивање дебати кои ќе отворат пат на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО.

Обединети за Македонија како партија, со јасна вмровска идеологија ги повикуваат своите браќа и сестри вмровци на разбирање на сериозноста на ситуацијата, да дадат поддршка на демократските процеси”, стои во соопштението од Обединети за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e