Од заостанати мини загинале 177 Косовци. Границата со Македонија се уште под ризик

Од експлозија на заостанати мини од косовската војна, животот го загубиле 177, а повредени се најмалку 500 косовски граѓани.

Од компанијата за деминирање потврдуваат дека иако многу зони се исчистени од мините, на терторијата на Косово се уште има над 100 такви зони. Најризични и понатаму се оние на границата со Албанија и со Македонија.

– Оваа компанија при чистењето на минираните зони, открила и деминирала околу 90 илјади експлозивни направи. Регионот на Хан Елези е позната како една од зоните со најмногу неексплодирани мини. Од март до сега, во овој регион, од мини, исчистени се над шест илјади квадратни метри и открени четири нексплодирани мини,-јави косовската телевизија.

Косовските безбедносни сили од 2010 година исчистиле милион квадратни метри и деминирале 2.177 разни есплозивни направи, додека екипи на ЕОД интервенирале во 2.136 случаи и деминирале 3.150 разни експлозивни направи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e