Од сабота забранети музичките програми на Пинк и Гранд во Македонија

Од сабота, 1 октомври на сила стапува одлуката на ЗАМП за забрането емитување и на српска музика во македонскиот медиумски етер.

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП), на барање на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, од 1 октомври им забранува јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.

Тоа значи дека на радио и телевизија, покрај македонска музика, од сабота нема да смее да се слуша и гледа ниту српска музика. Музичките талент шоуа кои доаѓаат од соседството нема да смеат да се емитуваат. Гледачите по оваа одлука, ќе останат без турбо фолк шоуто “Ѕвездите на Гранд”, омиленото семејно шоу “Пинкови ѕвездички”, а како и новите сезони на “Пинк ѕвезди”, “Гранд ѕвездички” и “Никогаш не е доцна”, кои со емитување во Србија започнуваат викендов.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e