Обезбедувачот на директорот на УБК ги „крадел“ снимките од Собранието

42-годишниот Оливер Радулов кој е осомничен за земањето на хард-дисковите со безбедносни снимки од Собранието е дел од обезбедувањето на актуелниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Радулов се грижи за обезбедувањето на директорот Владимир Атанасовски, а неколку дена по собраниските инциденти заедно со уште еден припадник на УБК ги одзел хард-дисковите од собраниската мониторинг сала број 3, објави Телма.

Од УБК и од директорот на тајната полиција Атанасовски засега нема реакција за активностите на Радулов при одземањето на хард-дисковите од парламентот.

Покрај обезбедувачот на директорот, во „акцијата“ за одземање на хард-дисковите учествувал и 51-годишниот Сашо Марковски, вработен во 5-тата управа во УБК. И за двајцата вработени во УБК, скопското обвинителство побарало да им биде земен брис од внатрешната страна на образот за да се утврди дали трагите најдени на куќиштата на компјутерите одговараат на нивната ДНК. Двајцата ги имало и на снимките од собраниските камери.

И покрај што ги одзеле хард-дисковите, снимките од собраниските инциденти ги има и се снимаат и на ДВР системот во парламентот ( дигитален видео рикордер).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e