Нови судиски рокади на Вангеловски

Претседателот на  Врховниот суд,Јово Вангеловски по втор пат за 15 дена го менува годишниот распоред на судии. По отстранувањето на експретседателката Лидија Неделкова од Кривичниот совет,во петокот  е  сменета и врховната судијка Лидија Тасева, а на нејзино место е ставена  судијката Рахилка Стојковска, пишува Макфакс.

Ваквиот маневар на Вангеловски во судските кругови се  толкува како обид на  за дискфалификување на Тасева,заради нејзиниот став околу СЈО и користењето на “бомбите“ на опозицијата како доказ во постапката,а во пресрет на продолжението на Општата седница на која треба да се одлучува по ова  прашање.Воедно,судијката Тасева важи и за блиска со експретседателката Неделкова.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски денес во изјава за Макфакс ја потврди информација за сменета,но негира дека мотивите биле СЈО.

„Едноставно во изборот меѓу двете судијки, оценив дека Стојковска е подобро о подолгорочно решение,со оглед на нејзиното претходно искуство во Управниот суд.

Судијката  Лидија Тасева е избрана во Врховниот суд во 2012 година и досега работела  во Одделот за  граѓански дела,Судска пракса и во Одделението  за судење во разумен рок.

Стојковска,пак,спаѓа во групата на судиите коишто  се последни избрани во највисокиот суд,бидејќи за врховен судија е избрана  во 2016  година заедно со  Снежана Бајлозова,Стојанче Рибарев (во меѓувреме избран за в.д претседател на Кривичниот суд).Таа дојде од Вишиот управен суд,а во времето кога министер за правда беше Михајло Маневски беше негов близок соработник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e