Нора Шакири: Што ми фали на мене што сум мажена за Македонец?

Аман бе луѓе доста веќе со муабетот за соживот..

Колку повеќе ја вергламе истата прича толку повеќе лудациве ја користат и истовремено ја скрбнават..Што ми фали на мене што сум мажена за Македонец..Ја искрено не гледам дека нешто ми фали..Имам скоро па совршен брак..Дали ми фали нешто што имам еден куп пријатели Македонци..Дали?

Што му фали на мојот свекор па и на маж ми што знаат албански..Не се различни туку побогати се..Што му фали на внук ми што зборува англиски подобро од мене, а има 5 години и посетува градинка на македонски јазик, а дома со родителите зборува албански..ШТО? ШТО? ШТО? Навистина е доста со муабетов..

Преку глава ми се прашањата за мојот ДВОЈАЗИЧЕН брак и како се снаоѓаме во истиот..Пробајте..измешајте се не боли..напротив, МНОГУ Е УБАВО..Отворете си ги тоа главите и почнете да размислувате и да гледате малку подалеку од носот као за почеток доволно е.

Фејсбук статус на Нора Шакири

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e