Нинџа и Кољо требало да им помогнат на Грујевски и Бошковски во бегството?

Алесандар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо биле логистиката во обидот за бегство на двајцата разузнавачи обвинети од СЈО, Горан Грујевски и Никола Бошковски – потврдуваат за ТВ 24 неофицијални извори од полицијата. Нинџа и Кољо требало од Бугарија да стигнат во Унгарија, преку Србија за да ги пречекаат Грујевски и Бошковски, по слетувањето во Будимпешта. Планот им пропаднал, откако српската гранична полиција им забрани влез во државата еден ден пред Грујевски и Бошковски да бидат уапсени во Грција.

ТВ 24 вчера ја објави информацијата дека Василевски и Митревски при обид да влезат во Србија, биле вратени од граничниот премин, а можната причина, познавачите велат дека се крие во потегот на Србија да се дистанцира и да не се инволвира во случувањата во Макеоднија.
Од српското Министерство за внатрешни работи,  се уште нема одговор  дали биле информирани за вклученоста на Василевски и Митревски во обидот за бегство на обвинетите разузнавачи и дали тоа е причината зошто не им бил дозволен влез. Тие се уште се наоѓаат во Бугарија, велат нашите извори и додаваат дека на потег е обвинителството, кое треба да постапи, откако ќе добие известување од МВР за вклученоста на  Василевски и Митревски во бегството на  Грујевски и Бошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e