Николовски: За нови и добро платени работни места, 140 милиони евра директна поддршка за фирмите!

Изјава за медиуми на Љупчо Николовски, носител кандидатската листа во Изборна единица 3 на СДСМ, денеска од Крива Паланка. 

“Никола Груевски ги излажа граѓаните со непостоечки нови 6000 нови вработувања.

Ниту ги има вработувањата ниту ја има инвестицијата во Крива Паланка, затоа силно ќе го подржиме домашниот сектор, домашните претпријатија.

Испланиравме директна финансиска подршка од 140 милиони евра, за домашните претпријатија да отвораат нови работни места, особено за младите, но работни места кои што ќе бидат добро платени.

Минималната плата до крајот на мандатот ќе биде 16.000 денари, а просечната плата 30.000 денари.

За да може секое семејство, со двајца вработени и со 1000 евра во семејниот буџет да ги покрие сметките, да има за прехрана, за живот за одмор и за сите потреби на семејството. Затоа е нашиот план за враќање на парите назад кон граѓаните.

Основен акцент и фокус во нашиот план е на младите. За секој млад човек ќе овозможиме да основа фирма од едно евро основачки влог, да има простор во огромни старт ап бизнис центри во кои ќе инвестира државата, во којшто ќе има бесплатен простор, ќе бидат ослободувани од комуналии ќе имаат платен сметководител, книговодител и ќе може да го развиваат својот бизнис.

Ќе добијат по 10 илјади неповратни сретства за секоја добра бизнис идеа и ќе обозможиме евтини кредити од 15.000 евра за секој млад човек, со само 1% камата.
Ќе обезбедиме и европска младинска гаранција за младите, која што ќе значи дека во рок од четири месеци секој млад човек од доформување на своето образование ќе добие понуда за работа, понуда за стручен тренинг за оспособување односно ќе добие директна финансиска подршка за продолжување на неговото образование.

За СДСМ, за коалицијата за живот е битен секој човек, секој ни е важен.

Токму затоа на 11 Декември, граѓаните масовно ќе го одберат и ќе го заокружат бројот 4 за промени и за живот во Македонија:, изјави Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e