Николовски во Преспа: Загрозена е егзистенцијата на овоштарите, мора да се одблокираат процесите!

Денеска пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, ја посети околината на Преспа каде оствари средба со земјоделци, кои се незадоволни што се уште се блокира работата на собранието и што сеуште нема исплата на штетите кои се случија во овој регион како и за неисплаќањето на  субвенциите. Николовски при посетата се запозна со сите проблеми кои ги мачат земјоделците од овој регион и најави дека истите ќе се решат, како што тој вели, веднаш по формирањето на новата реформска Влада предводена од СДСМ.

Еве ја изјавата на Николовски:

“Денес како пратеници од коалицијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од мнозинството во Собранието на Р.Македонија сме во преспанскиот регион и се сретнавме со жителите од повеќе места тука со цел на лице место да ги видиме и да ги слушнеме проблемите по однос на штетите коишто настанаа во претходните два дена, а со кои според кажувањата на луѓето од тука се оштетени, односно е загрозено 90% од производството на јаболката од оваа реколта.

Жалосна е сликата овде. Луѓето се во паника. Затоа сме тука да ја пратиме пораката дека на овие луѓе мора да им се помогне. Мнозинството во Парламентот ќе ја преземе одговорноста. Во скоро време ќе избереме претседател на Собранието и нова реформска Влада којашто веднаш ќе се зафати со решавањето на реалните проблеми на луѓето, на граѓаните особено во овој период и на земјоделците коишто ги имаат овие проблеми.

Во изминатата година настанаа исто така штети на јаболката, но исплата на оштетите од страна на оваа Влада и на ова министерство нема. Знаеме исто така дека субвенциите за 2016-та година и голем дел на заостанатите субвенции од претходните години исто така не се исплатени. Овде е и прблемот со плаќањето на јаболката од страна на трговците. Многу наталожени проблеми коишто ги мачат земјоделците, коишто ги доведоа до банкрот и коишто го крахираат земјоделството. Затоа ја праќаме пораката дека ќе ги деблокираме процесите коишто со блокадата на Собранието се обидува да ги направи ВМРО – ДПМНЕ.

Ќе ги деблокираме процесите коишто со блокадата на Собранието се обидува да ги направи ВМРО-ДПМНЕ, се со цел да ја спаси кожата на криминалците. Ќе направме се затоа што преку 700 илјади граѓани на 11 декември гласаа за промени и гласаа за живот во Македонија, гласаа за решавањето токму на овие проблеми со коишто се соочуваат луѓето.

Токму затоа, апсолутното мнозинство во парламентот ќе ја преземе одговорноста и сите овие проблеми, еден по еден, ќе ги решава новата реформска Влада во Република Македонија. Затоа треба да бидат убедени и уверени, како граѓаните, така и земјоделците дека врвен приоритет на новата реформска Влада ќе бидат проблемите на граѓаните и нивното решавање.

Доколку не беше оваа блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на малцинството во Парламентот, доколку не ја правеа оваа блокада за да ги заштитат криминалите на врхушката во ВМРО-ДПМНЕ, денес веќе земјоделците ќе имаа зелена нафта, ќе имаа редовни, навремени, зголемени субвенции, веќе денес земјоделството ќе беше врвен приоритет на новата реформска Влада.

Но исто така, треба да се убедени, и таа порака ја праќаме, затоа сме тука со нив, дека многу наскоро ќе ја преземеме одговорноста и ќе се зафатиме со решавањето на сите овие проблеми” изјави од Преспа Николовски.


18034263_1959917547563108_6278586655104059404_n 18033235_1959917674229762_6408178495143019539_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e