Николовски во посета на ЈП Стрежево: Наводнувањето е основата за едно модерно и конкурентно земјоделство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со пратеникот Васко Ковачевски, денеска го посетија ЈП “Стрежево”, во Битола, кое е од огромно значење за наводнувањето на земјоделските површини во овој регион.

22310488_2045793725642156_3178760906554409342_n

-Со директорот на ЈП “Стрежево”, Менде Граматковски, разговаравме за состојбата со наводнувањето во овој регион. При тоа ни беше презентирана мапата за динамичката регулација на главниот доводен канал од браната Стрежево, односно начинот како водата за наводнување стигнува до земјоделците. Како Влада, ќе ги преземеме сите потребни мерки со цел водата да дојде до нивите каде што е потребно, бидејќи наводнувањето е основата за едно модерно и конкурентно земјоделство, информира министерот Николовски.

22279972_2045793865642142_3599363228282234573_n

22308668_2045793738975488_9054679482320655130_n

22310277_2045793798975482_3840977453556204478_n

22308668_2045793738975488_9054679482320655130_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e