Николовски во кавадаречко: Да го вратиме животот овде и во цела Македонија!

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ и министер во владата на Р.Македонија, Љупчо Николовски се сретна со жителите на с.Бегниште и с.Возарци, кавадаречко.

-Ги информирав дека работиме на системски мерки за справување со горкиот проблем со недостиг на вода за наводнување кој ги мачи со години и за нашата долгорочна стратегија за рехабилитација, одржување и изградба на хидросистеми за наводнување. Воедно им соопштив дека интензивно се работи на забрзување на процесот на исплата на обештетувањата од временските непогоди кои се случија во април, годинава.

“Доста е преживување” – гласно коментираа насобраните жители овде на крајот од нашата денешна средба. И се согласувам со нив. Ајде да го вратиме животот овде и во цела Македонија! – потенцира министерот Николовски.

22089922_2043138289241033_7086708061915549271_n

22089936_2043138409241021_7527905365507571982_n

22154663_2043138369241025_38514323650933147_n

22196028_2043138485907680_2064995596554854931_n

 

22228229_2043138309241031_1997882659479791443_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e