Николовски во Берлин на средба со министерот за земјоделство и мелиорации на Египет: Унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи помеѓу двете земји

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопансво, Љупчо Николовски денеска имаше работна средба со министерот за земјоделство и мелиорации на Владата на Арапската Република Египет, Abd El-Moneim EL- Banna, во амбасадата на Египет во Берлин, на која било разговарано за унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи помеѓу Република Македонија и Египет.

26907229_2092589554295906_8236850995846735255_n

-Египет како држава претставува одлична можност за извоз на македонските земјоделски производи, поради што со египетскиот министер се договоривме македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, да подготви листа со земјоделски производи кои би можеле да се извезуваат и за кои има интерес во Египет. Од министерот на Египет, добивме уверување дека откако ќе ја разгледаат листата со македонски земјоделски производи, со цел да се олесни трговската размена, ќе работат на намалување на сегашните високи царински стапки за македонски извозници на земјоделски производи, информира минитсерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e