Николовски: Мора да има одговорност за неисчистените одводни канали

“Неисчистените канали за одводнување на потегот Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново покажа дека невремето не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите.

Се потврди се она што го тврдевме.” – изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски.

“Додека огромни суми на пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта, каналите останаа неистичени.

Злоупотреби со парите на граѓаните, тешки 3 милиони евра, потврди и Државниот ревизор. На сомнителен начин парите завршиле во нечии џепови наместо за чистење на каналите.

Парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и на документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и да достават записник!

Не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата, што е нова можност за злоупотреби – едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен.

За овие злоупотреби поднесовме и кривична пријава за министерот Цветков.

Јавното обвинителството за организиран криминал треба да се охрабри и да ги забрза постапките поврзани со оваа кривична пријава.

Да беа исчистени и одржувани каналите за одводнување катастрофата што ги зафати граѓаните од околината на Скопје ќе беше многу помала со многу помали последици.

Политичка, морална и кривична одговороност мора да има.

Пустошот што го остави невремето во околината на Скопје сега создава нови проблеми за граѓаните и земјоделците.

Земјоделците молат за добиточна храна и бараат целосно 100% обештетување што поскоро.

Новата, одговорна влада предводена од СДСМ целосно ќе ги обесштети граѓаните и земјоделците.

Дополнително, ќе инвестираме 10 милиони евра годишно само за системи за наводнување и одводнување за граѓаните и земјоделците да бидат спокојни.” – посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e