Николовски: Ја барам вашата поддршка за живот на сите граѓани во Македонија

Драги пријатели,

Во недела да ставиме крај на длабоката сиромаштија, на децениското пустошење на семејните буџети и иселувањето на нашите другари и другарки.

Ја барам вашата поддршка за живот на сите граѓани во Македонија. Во недела да гласаме за повисоки плати, минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари за спокоен живот. Во недела да гласаме за институции кои ќе работат во ваша служба. Во недела да гласаме за нови добро платени работни места во домашните претпријатија, силно поддржани со 140 милиони евра. Во недела да гласаме за правдата и контролата над власта.

Гласајте за СДСМ и за коалицијата на граѓаните! Гласајте за човекот кој ви подаде рака за живот! Гласајте за премиер на сите граѓани на Македонија! Гласајте за Зоран Заев!

Во недела гласајте за бројот 4 за живот во Македонија!

Изборна единица 3 во недела ќе победи, а ќе победи и цела Македонија!

НА 11-ТИ ДЕКЕМВРИ ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА!

Фејсбук обраќање на носителот на кандидатската листа за пратеници на СДСМ и коалицијата, во Изборна единица 3, Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e