Николовски: Формирани се комисии за штетите од временските непогоди на 11-ти септември

Ве информирам дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска формираше Комисии за увид на настанатите штети во регионите кои на 11-ти септември годинава беа зафатени од временски непогоди.
Станува збор за регионите на Демир Хисар, Ресен, Македонски брод, Тетово, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Велес, Свети Николе, Куманово, Кавадарци, Росоман, Кисела вода и Гази баба.
Со цел навремено извршување на увид, проценка на штетите и исплата на обештетувањата, сите земјоделци од овие региони кои имаат претрпено штети, во периодот од 20.09.2017 до 05.10.2017 да поднесат барања за утврдување на настанатата загуба во Подрачните единици на МЗШВ во посочените региони, информира министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e