Николовски: Денеска исплативме близу 330 милиони денари за субвенции

Денеска се исплатени близу 330 милиони денари за субвенции за сточарство, полјоделство, рибарство, тутун и за млад земјоделец, објави на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

“Од оваа сума околу 80 милиони денари, се за субвенции за јагне, 88 милиони денари за крави, 20 милиони денари за млеко, за полјоделски култури се исплатени околу 54 милиони денари, за субвенции за свињи се исплатени 21 милиони денари, за кози 52 милиони денари.

Останатата сума што ја исплативме денеска, е за субвенции по основ на корериграни сметки за тутун, но и за субвенции за рибарство и за млад земјоделец.

Во следниот период Владата, континуирано ќе работи на навремена исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците”, напиша Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e