Николовски: 140 милиони евра за поддршка на домашните мали и средни компании

Носителот на кандидатската листа на коалицијата предводена од СДСМ во Третата изборна единица Љупчо Никoловски денеска во Велес го претстави нивниот план „За живот во Македонија“.

Граѓаните со кои разговараше ги запозна со нивната мерка за минимална плата од 16.000 денари која ќе важи и за вработените во индустријата за текстил обувки и кожа. Рече дека секоја фирма за секое работно место ќе добие по 1900 денари. Уплатениот персонален данок од страна на работодавците за вработените за исплаќањето на минималната плата ќе им го враќаат на работниците.

Николовски рече и дека просечната плата ќе биде 30 илјади денари на крајот на нивниот мандат и дека 140 милиони евра од планот „За живот во Македонија“ предвидуваат за поддршка на домашните мали и средни компании.

– За фирмите да вработуваат и да исплаќаат просечна плата ќе обезбедиме по 108 илјади денари за вработување на невработено лице до 50 години, со услов да добива бруто просечна плата. По 162 илјади денари, за вработување лица од ранливите категории на граѓани за да добива бруто просечна плата во државата. И по 72 илјади денари за вработвање на лица од администрацијата ако му се исплаќа бруто просечната плата, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e