Никола Попоски во напад на медиумите и граѓанските организации

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение и преку интервју на министерот за надворешни работи Никола Попоски, повторно се закани на медиумите и невладините организации кои се финансирани од Фондацијата отворено општество.

Во соопштението кое го испрати партијата, се вели дека процесот на десороизација започнува. Во исто време, во интервју кое сабајлево го пренесе порталот „Телеграф.мк“, во кое министерот Попоски за италијанскиот весник „Ла верита“ вели дека со финансирање на граѓанскиот сектор, Сорос прави притисоци и дестабилизација на државата.

Ниту во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак во интервјуто на Попоски не се споменуваат парите кои Сорос ги дал на владата во која премиер беше Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e