Нема пари за шампионот во паурлифтинг: Со еден пар гаќи од 500 евра на светски куп ќе го подигнам македонското знаме

Бошко Стаменкоски, светски шампион во паурлифтинг веќе извесен период апелира за финансиска помош која што му е потребна за учество на светскиот куп во пауерлифтинг кој што ќе се одржи на почетокот на април во Сараево, Босна и Херцеговина.

Вели дека е разочаран од институциите и како само на телевизија се збори дека се помагаат спортистите, но реалноста била сосема поинаква.

Четирисетишест годишниот Стаменкоски, кој што живее во Македонска Каменица уште пред две години побарал помош од Агенција за млади и спорт, за негов настап на светско првенство во Лас Вегас. Од таму добил одговор дека се е во ред со неговото барање, но тие не давале пари, а потоа го блокирале, за да не може да ја следи нивната страница. За настанот во Сараево пак, доставил барање до општината, но и од таму не добил ништо.

,,Единствена помош добив од рудникот Саса, ми го платија сместувањето кое што чини 270 евра, во хотелот каде што ќе се одржи купот, на кој што ќе бидам единствен македонец. Работам како обезбедување во Патриот Алдо, во рудникот, и од таму ќе покријат дел од трошоците. Овие денови постојано одам од фирма до фирма и барам помош. Не се работи за некоја огромна сума, сега кога е покриено сместувањето, ми требаат уште околу 500 евра. Жално и иритирачко е тоа што постојано се прави некоја слика дека кај нас се поддржува спортот, но реалноста е сосема друга. Јас сум оставен сам да се снаоѓам како што знам и умеам, а сепак ја претставувам Македонија и настапувам под нашето знаме’’ – вели Бошко, кој што во Сараево ќе се натпреварува во паурлифтинг ,,бенч прес’’  до 67.5 килограми, за возраст над 40 години.

На последното светско натпреварување, во оваа категорија поставил светски рекорд.

Пред две години во Лас Вегас се закити со злато во категоријата „бенч прес“ до 75кг М1 и стана првиот Македонец кој се закити со ваков успех во оваа дисциплина.

Тој исто така е и балкански рекордер, а има злато и од Европско првенство.

Револтиран од настаните, пред неколку дена на својот Фејсбук профил поставил интересен статус – „Само со еден пар гаќи на Ивона ќе одам за Сараево на светски куп во бенч прес „да го подигнам македонското знаме, ама за мене нема гаќи!“

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e