Најмалку 5 години затвор за приведените за злоупотреби со доделување на субвенции

Вршителот на должност, претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Стојанче Рибарев, за „СУДСТВО.МК“ официјално потврди дека има приведени лица,кои во моментов се пред судија за претходна постапка.Тој не можеше да потврди дали станува збор за  сомневања за злоупотребана службена  положба и овластување, односно за сторени злоупотреби со земјоделски субвенции!

Според Рибарев, полицијата со приведување на осомичените започнала уште од девет часот, но дека тој не знае колку лица се осомничени и до кога ќе трае приведувањето.

Според најновите сознанија на „СУДСТВО.МК“, најголемиот број од приведените се од Скопје, но има лица и од Гевгелија и од Валандово, а сите се товарат за злоупотреба на службена положба и овластување, сголасно член 353 став 5 од Кривичниот законик на РМ и ним е запретена казна затвор од најмалку пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e