Најчевска: Секој кој ненаменски ги трошел парите на граѓаните МОРА да оди во затвор

Не. Зоран Заев не мора да поднесе оставка. Зоран Заев може да поднесе оставка ако тоа го побара членството на СДСМ.
А оставка мора да поднесе Емил Димитриев – кој незаконски е премиер и пратеник, Никола Попоски – кој незаконски е министер и пратеник, Никола Тодоров – кој незаконски е министер и пратеник, Елизабета Камчевска – која е пратеник и министер. Тие МОРААТ да поднесат оставка. Исто како што секој кој крадел МОРА да оди во затвор и секој кој лажел МОРА да оди во затвор и секој кој пренесувал оружје преку граница МОРА да оди во затвор и секој кој пренесувал недозволени количини пари преку граница МОРА да оди во затвор, и секој кој ненаменски ги трошел парите на граѓаните МОРА да оди во затвор.
Ја разбирате разликата?

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e