НАДВОР ОД ПОЛИТИКА со Мухамед Зеќири

Интервју на порталот Friday.mk со Мухамед Зекири.

Македонија е земја во која народот секојдневно е преоптоварен со политиката и со политичките партии кои се во неа. Одиме на кафе, слушаме политика, седиме дома, слушаме политика, едноставно каде и да се појавиме, слушаме политика. Нормално е секој народ да следи и да прати што се случува во неговата земја и да биде во тек со настаните, но се некако мислам дека кај нас можеби малку е тоа претерано.

Ексклузивно за Friday.mk, г-дин Мухамед Зеќири…

Вашата кариера ја имате започнато како новинар, како се најдовте во светот на новинарството?

Штркот ме донесе (се смее).. Првите чекори во работата во медиуми ги направив по завршување на основното училиште. За време на летниот распуст на радио слушнавме дека Радио Арта Орион објавува конкурс. Постариот брат ме натера да се пријавам и на мое изненадување ја добив работата. Останав речиси една година како спикер на вести и водител на емисија. Поради обврските во средното теолошко училиште каде од втората година требаше да престојувам во интернат, ја напуштив работата. По завршување на 4та година повторно им се вратив на медиумите, овој пат во локалната скопска телевизија ТВ Ера во која беа префрлени и поголемиот дел колеги од радиото. По 3 години работа во телевизијата, кон крајот на 1999-та отидов на служење на воениот рок. По отслужувањето слушнав дека има конкурс во телевизијата Канал 5 и се пријавив. Бев избран и останав таму до август 2001-ва година. Вештините на новинарскиот занает ги стекнав токму таму од поискусните колеги. Веќе следниот месец бев дел од новинарската екипа на Радио Слободна Европа, сервисот на македонски јазик кој тогаш почна да работи и цели 6 години бев дел од тој тим. Последната година работев истовремено и како дописник од Македонија за телевизијата Алсат во Тирана. Во 2006та кога стартуваше Алсат-М во Скопје го прифатив предизвикот да бидам главен и одговорен уредник на првата двојазична телевизија во регионот и да го изградам тимот кој придонесе за угледот на телевизијата. На таа позиција останав цели 10 години и за цел период ја водев политичката дебатна емисија „Патот кон“. Пред да се вклучам во политичките води, една година работев како уредник и водител на политичка дебатна емисија во тогаш новоотворената телевизија Шења.

Што според Вас треба да поседува еден квалитетен новинар?

Храброст, интегритет, упорност и свесност за улогата што ја има професијата за општеството.

Целото интервју на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e