Младите порачаа: Наместо популистички проекти, сакаме услови за достоинствен живот

Подобри можности за вработување за сите вклучувајќи ги и лицата со попреченост, поквалитетно образование и вклучување во процесите на носење на одлуки, слобода на здружување и креативна слобода побараа денеска младите на панел дискусијата „Младинските потреби во програмите на политичките партии“.

-Она што произлезе како заклучок од денешната дискусија е дека партиите, а пред се партијата на власт која има најголема моќ, не се залагаат за реалните потреби на младите. Сите проекти кои досега се спроведени, се без резултати и главно популистички. Младите бараат обезбедување подобри услови за живот во Македонија за да не продолжи нивното иселување, изјави Ангел Димитриевски, претседател на организацијата ПТПИ Скопје, која ја организираше панел дискусијата.

Ема Ананиевска, студентка со целосно оштетен вид ги праша партиите дали се подготвени да постават лице со лице со попреченост на министерска или друга висока државна позиција и заклучи дека само така би поверувала дека некоја партија се залага за опшествени промени.

Дипломиранот правник Иван Дургутов порача дека младите треба да го користат правото на глас на изборите, бидејќи лошите водачи на државите се избираат поради добрите граѓани кои не излегуваат на гласање.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e