Миноски во предизборен период ги задолжува граѓаните

Укажуваме дека во предизборен период министерот за финансии Кирил Миноски ги задолжи граѓаните за износ три пати поголем од износот на долговите што доспеваат за враќање.

Порачуваме дека за сите злоупотреби со задолжувањата ќе има одговорност!
На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжи граѓаните со 9.2 милиони евра.

Со тоа јавниот долг го продолжува загрижувачкото темпо на задолжување на што укажаа и Европската Комисија и ММФ и Светска банка, а кое што ги надмина критичните 50% од БДП. – реагираат од кабинетот на Дополнителниот заменик министер за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e