Министерот Николовски и директорот на Царинската управа го посетија Г.П Деве Баир

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски и директорот на државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски, го посетија  граничниот премин Деве Баир, каде што свои инспекторски служби имаат  Фитосанитарната управа и  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Станува збор за важни субјекти на овие институции кои работат во областа на контрола на пратките од растително и животинско потекло, што влегуваат во земјава.

Од посетата на терминалот, беше воочено дека изминатите години не се вложувало во службите на Фитосанитарната управа и на Агенцијата за храна и ветеринарство, на граничниот премин Деве Баир, а инспекторите  работат во исклучително лоши услови, без елементарни услови за работа и за контрола на пратките од увоз.

Функционирањето на инспекторските служби на граничниот премин Деве Баир е од исклучително значење за Република Македонија, бидејќи се работи за премин преку кој има голем проток на пратки од растително и животинско потекло кои стигнуваат од Бугарија, Турција, Кина и од други азиски земји, а контролата на увозните пратки е важна за здравјето на граѓаните, животните и растенијата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе работи на јакнење на капацитетите на овие две институции на граничните премини, бидејќи од нивната работа, зависи  безбедноста и квалитетот на производите што се увезуваат во Република Македонија.

22290144_10210472626275426_706308419_n

22264868_10210472630315527_752005746_n

22154684_2043890215832507_2378293521426189723_n

22228346_2043890172499178_5429494557736969165_n

22195917_2043890262499169_4019836647061917935_n

22154403_2043890295832499_2436575960249226551_n

22196144_2043890325832496_5287314226205643826_n

22279480_2043890365832492_6441774496764341912_n

22228257_2043890399165822_1534540232644393487_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e